сублимира св. и несв.

сублимира (св. и несв.)

Пред да се згуснат изворските води и се излеат во Езерото, сочинуваа мали езерца, небаре рајски павилјони, во кои беше сублимирана сета убавина на неповторливата природа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со скромна става ем покорна глава ѝ објаснувам дека сите тие податоци се одамна наведени и дека само чекаат некој да ги сублимира... а длабоко во себе пирувам дека мене прв ми текна ваков заклучок!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не смеам да дозволам да ме води бес и лутина, ги сублимирам негативните чувства но, ќе го унифицирам гневот, тешко е, но ќе издржам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)